Skip to main content

Aнглија вечерва против Гана, Тухел не сака пауза за вода

На селекторот на Англија, Томас Тухел, не му се допаѓаат паузите за хидрација на натпреварите на Светското фудбалско првенство 2026.

Германецот смета дека паузите го менуваат текот на натпреварот.

– Мислам дека овие паузи го менуваат текот на натпреварот многу повеќе отколку што очекував. Претходно имаше паузи за вода кога беше навистина жешко и неопходно, но тие беа куси и се случуваа само на неколку натпревари. Во интерес на фер игра, сега тие се прават на секој натпревар за секој тим. Практично променет е текот на натпреварот и сега тој не е две полувремиња, туку четири четвртини. Генерално, мислам дека повеќе уживам во фудбалот кога натпреварот се играше без вакви паузи. Тоа е дел од играта. Тешко е да се изгради моментум и тешко е да се одржи кога има паузи од три минути, изјави Тухел за „Би-би-си“.

Англија вечер од 22 часот ќе се соочи со Гана во второто коло од Л-групата на Мундијалот 2026. з