
Со одигрувањето на последното шесто коло од групната фаза синоќа во Лигата на конференции познати се осумте можни дуели од плејофот во третото по ранг европско клупско натпреварување во напролет ќе игра и тетовска Шкендија.
Можни противници на Шкендија се Самсунспор од Турција и Лех Познањ од Полска, а доколку актуелниот македонски шампион успее да ја мине првата пречка во нокаут фазата за противник во осминафиналето ќе го има шпански Рајо Ваљекано или украински Шахтјор Доњецк.
Жрепката е закажана за 16 јануари во Нион, а натпреварите од плејофот ќе се играат на 19 и 26 февруари идната година.
Можни парови за плеј-офот во Конференциската лига:
КуПС/Шкендија-Лех Познањ/Самсунспор
Ноах/ Дрита – Целје/АЗ
Зрињски/Сигма Оломуц – Лозана/Кристал Палас
Јагиелонија/ Омонија – Фиорентина/ Риека
Шкендија/КуПС – Самсунспор /Лех Познањ
Дрита/ Ноах – АЗ/ Целје
Сигма Оломоуц/Зрињски – Кристал Палас/Лозана
Омонија/Јагелонија – Риека/Фиорентина

Македонски






