Skip to main content

Зарина Првасевда гостинка на скопскиот концерт на Barcelona Gipsy Balkan Orchestra

Еден месец нѐ дели од најавеното музичко патување со музиката на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra – еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата.

За БГКО не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што нѐ очекува уште еднаш (по она во 2022 година) – на 28 февруари 2025 година во Филхармонија.

Нивното творештво и интерпретација на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинето и со интерпретациите на специјалната гостина Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал со седиште во Скопје. Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.

           БГКО е меѓународна формација во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…

И тоа не сѐ, секогаш иновативни, секогаш уникатни и подготвени на публиката да ѝ понудат повеќе во пресрет на скопскиот концерт 28 февруари – денот резервиран за уникатно музичко патување со неверојатната музичка формација која освојува на прва – подготвуваат уште изненадувања. 

Поврзани вести