
На 13-ти јуни, Скопје ќе биде домаќин на вистински EDM спектакл! Timmy Trumpet, еден од најпознатите и најинтерактивните диџеи во светот, пристигнува како хедлајнер на Electronic Retreat – Summer Edition!, соопштија организаторите.
Познат по својата неверојатна сценска присутност, уникатното спојување на труба во EDM звуците и хитовите како Freaks, Mad World, Oracle, Vivaldi и многу други, Timmy е официјално рангиран како #5 најдобар диџеј во светот според DJ Mag!
Покрај Timmy, како специјални гости ќе настапат и Axmo, дуото кое е познато по својата моќна продукција и колаборации со Timmy Trumpet, кои гарантираат неверојатно лудо издание на Electronic Retreat!
Но, тоа не е сè! Наскоро го откриваме целосниот фестивалски line-up, а исто така најавуваме уште едно големо изненадување –ВТОР ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН, кој наскоро ќе биде објавен!
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од среда (2-ри април) во 09:00 часот онлајн на 👉 ticketx.mk и низ продажната мрежа на TicketX низ Македонија