Skip to main content
bhLE-QnMv_c

Нов сингл и видео запис на Марија Данева & „Стенд бај бенд“ во дует со Ѓоко Танески

Неодамна се случи промоција на новиот сингл и видео запис на атрактивната пејачка Марија Данева & Стенд бај бенд во дует со еден од најдобрите машки вокали во нашата држава – Ѓоко Танески.

Песната е насловена ” Во твои раце” која е авторско дело на Сашо Стојановски член на бендот Stand by (тапани). За текстот се погрижи Весна Малинова додека аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски.

Песната има свој видео запис кој се емитува на телевизиските канали кај нас кој го продуцираше Владимир Митреваки-Ѓуле кој беше потпишан и на предходниот видео запис за нумерата “Љубов”.

Дуетот се случил по иницијатива на Сашо (аворот на песната) кој е долгогодишен соработник со Ѓоко Таневски. Се работи за моќна љубовна балада која е голем хит на радиостаниците.

Марија Данева е млада атрактивна звезда на нашата естрада која располага со одлични вокални способности, карактеристично за неа и за бендот е што се доста популарни во ноќните клубови со жива музичка програма.

Во Стенд бај бенд членуваат многу искусни и докажани музичари како Александар Авукатов (бас гитара), Дарко Спировски (електрична гитара), Сашо Стојановски (тапани ) и Марија Данева (вокал), актуелни се по добрите и весели ноќни забави низ државата

Поврзани вести