
Првоборецот на трите музички правци: новиот примитивизам, новиот бран и пост-панкот, доктор Неле Карајлиќ доаѓа во Скопје, на 9 октомври во Македонската филхармонија, за да спои две во едно:
Песните на Забрањено пушење, кои тој ги обележа, како и легендарното ТВ шоу “Топ листа надреалиста“, во кое Неле беше една од најважните и најкреативни фигури.
За 9 октомври, Д-р Неле Карајлиќ ни спрема крајно возбудлив и мултимедијален проект на кој ќе се потсетиме на некои од најлегендарните скечеви од “Топ листа надреалиста”, ќе ги запееме песните од Забрањено пушење и ќе позборуваме за надреалниот свет кој не’ опкружува;
Уникатна можност за многу музика, многу смеа, но веројатно и по некоја солза, велат организаторите.