
Друга страна продукција, како организатори на настапот на популарното австралиско комичарско трио SOOSHI MANGO ја информира јавноста дека поради унапредување на продукциските услови и желбата на публиката да ѝ се овозможи врвно сценско и аудио-визуелно искуство, настанот се преместува од СРЦ Кале во престижната сала на Националната Филхармонија.
Со оваа промена, публиката ќе има можност да го проследи шоуто во еден од најквалитетните простори во регионот, што ќе придонесе за уште поинтензивна и незаборавна атмосфера.
Настапот ќе се одржи на истиот датум, 6 јуни 2026 и во истиот термин како што беше претходно најавено.Сите веќе купени билети остануваат валидни и важат за влез во новата локација.
Ве очекуваме на вечер исполнета со врвна комедија, енергија и многу смеа. Билетите се во продажба ексклузивно на веб страната на drugastrana.mk.

Македонски



