Националниот џез оркестар организира уште едно неверојатно музичко доживување што се фокусира на АФРО-КУБАНСКАТА МУЗИКА и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии.
,,Низ оваа автентична “латино свита” ќе не води нашиот долгогодишен пријател и соработник, диригентот Зиги Фајл кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко” велат од џез оркестарот.
𝗖𝘂𝗯𝗮𝗻 𝗙𝗶𝗿𝗲 е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон.
Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката.“