Skip to main content

ВИДЕО: Без возачка дивееше со мотор на едно тркало на „Партизанска“, снимката за ТикТок му донесе две кривични

Министерството за внатрешни работи го пронајде и му поднесе две кривични пријави на скопјанецот кој со мотор дивееше на булеварот „Партизански Одреди“ кај Универзална сала.

По објавените снимки како управува со моторот на едно тркало и се исмева со системот „Безбеден град“, сега скопјанецот ќе одговара кривично.

-Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл “сузуки” движејќи се небезбедно на едно тркало на бул.”Партизански Одреди” кај крстосницата со ул.”29-ти Ноември” во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со „Безбеден град“ преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл “сузуки” со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен е разговор со А.А.

-А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл “сузуки” на бул. “Партизански Одреди” и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток, велат од Министерството.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, “безобѕирно управување на моторно возило” и по член 298 од Кривичниот законик- “загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство”.

Поврзани вести