Skip to main content

Им ја урнал старата куќа, а уште не почнал да им ја гради новата – сопружници измамени за 14.000 евра

илустрација

Сопружници од Куманово пријавиле дека биле измамени за 14.000 евра, соопшти денеска СВР Куманво. Изведувачот ја урнал старата куќа, но не започнал со изградба на нов објект и одбивал да ги врати парите.

Случајот бил пријавен, вчера во 12:00 часот во СВР Куманово.

Педесет и едногодишниот маж со неговата 49-годишна сопруга пријавиле дека биле измамени од М.К. за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тие со М.К. склучиле договор за рушење на објект и изградба на нов, но тој воопшто не започнал со градежни работи, туку само ја срушил старата куќа и одбивал да им ги врати парите – соопшти полицијата.

Од СВР Куманово информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести