Skip to main content

Приведени осум возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Фото: МВР

Во текот на изминатото деноноќие полицијата приведе осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ш.Ј. (57) и К.Б. (18) од Скопје, М.А. (30) од Тетово, И.Х. (26) од селото Уланци, Општина Градско, Н.Д. (19) од Прилеп и В.С. (22) од селото Заполжани, Прилепско.

Со активна забрана, возило управувале А.Ј. (29) од Битола и Ш.С. (38) од Кичево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.