
Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите.Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра, сомнителни пари од Венецуела која тогаш беше под санкции, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, трансакциите поминувале или стигале до земјите како Русија, Белорусија и Србија.Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија.
Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие.
За разлика од нив, денес имаме влада која заштитува банка и штедачи, а не ги банкротира банките или пак ускратува штедачите.
Тоа е главната разлика. Не сме сите исти.

Македонски



