Skip to main content

ВИДЕО: Казнети четворица возачи, блокирале булевар во Аеродром поради свадба

Фото: Freepik

Министерството за внатрешни работи информира дека во врска со видеото кое беше споделено во дел од медиумите на кое се гледа како на бул.”Јане Сандански” во Скопје од страна на неколку возила е попречен сообраќајот, денеска во полициска станица се повикани возачите.

-Во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се Д.Г.(28) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, М.П.(25) кој го управувал патничко возило “бмв” со скопски регистарски ознаки, Љ.Б.(48) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки и С.С.(23) кој управувал патничко возило “сузуки” со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.

Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Поврзани вести