Skip to main content

Винска авантура низ Шпанија на Скопскиот вински салон Винодонија 2026

Шпанија не се раскажува. Шпанија се доживува.

Од Скопскиот салон – Винодонија покануваат на возбудливо винско патување низ Шпанија – земја со богата винска традиција, разновидни тероари, автентични локални сорти и препознатливи вински стилови.

Под водство на сомелиерот Александар Миливојевиќ, ќе ги истражиме најпознатите шпански вински региони – од атлантските лозја на Риас Баишас во Галисија, преку впечатливите пејзажи на Приорат и прочуената Рибера дел Дуеро, па сè до Риоха, вистинското царство на врвните шпански вина.

Ќе ги откриеме особеностите на шпанските автохтони сорти, влијанието на климата и тероарот, како и традицијата и современите пристапи во производството на вино“, најавуваат организаторите.

Во вториот дел од мастеркласот следува дегустација на седум внимателно избрани вина од седум различни шпански винарии, преку кои ќе го запознаеме богатството, разновидноста и автентичниот карактер на шпанскиот вински идентитет.

Винска листа:

• Rías Baixas – Albariño

• White Rioja – White Tempranillo

• Priorat – Garnacha

• Bierzo – Mencía

• Rioja – Old Style Traditional, 100% Tempranillo

• Rioja – New Style Modern, Tempranillo-based Blend

• Ribera del Duero – Classic, 100% Tempranillo

Винско патување што не се пропушта!“, порачуваат од Скопскиот вински салон – Винодонија.

Овој вински мастреклс ќе се одржи во сабота, на 14 ноември 2026 година со почњток од 16 асот, во просторот з средби „Д“ во хотелот Мериот во Скопје.

Влезниците може да ги набавите на следниот ЛИНК.

Поврзани вести