
Во рамки на десеттото издание на Скопскиот вински салон Винодонија, ќе се одржи мастерклас за улогата на виното во превенција на кардиоваскуларни заболувања и деменција.
Што велат медицинските сознанија за виното и нашето здравје? Каде завршуваат фактите, а каде почнуваат популарните митови?
На третата работилница на „Vinodonia Masters“ 2026, д-р Емилија Лазарова, кардиолог, и д-р Весна Јорданова, психијатар, ќе нè поведат низ едукативен и интерактивен разговор за оваа интересна тема. Заедно ќе разговараме за поврзаноста меѓу виното и кардиоваскуларното здравје, како и за здравјето на мозокот и ризикот од деменција“, најавуваат организаторите.

Овој мастерклас ќе се одржи на 12 ноември, со почеток во 19:00 часот во Собата за средби „Д“ во хотелот Мериот.
Влезот е бесплатен, со задолжителна претходна резервација на vinodonia.mk. Бројот на места е ограничен.

Македонски


