Skip to main content
Мастерклас на Винодонија 2026

Грузија – Каде што земјата го чува виното, а времето традицијата

Грузија е винска земја со 8.000 берби, каде што земјата го чува виното, а времето – традицијата.

8.000 години винска историја, шест вина и едно несекојдневно патување до колевката на виното! – ќе понуди мстеркласот организиран во рамки на Скопскиот вински салон Винодонија 2026.

За првпат кај нас, во рамките на „Vinodonia Masters 2026“, ја претставуваме богатата винска традиција на Грузија – земја во која древните начини на производство на вино се живи и денес.

Низ грузиските вински региони, тероари, автохтони сорти и препознатливи вински стилови ќе нè води Рамази Инаишвили, сомелиер и вински консултант, прогласен за Винска личност на годината 2023 од Vino.rs.“, најавуваат организаторите.

Во рамки на мастеркласот ќе следува водена дегустација на шест грузиски вина, а во вториот дел ќе се придружи Кристина Анѓелкова, енолог во „Паагон урбан винаријата“ (Paragon Urban Winery), која ќе го сподели своето искуство со употребата на квеври – традиционалните грузиски глинени садови за производство на вино.

Овој мастерклас ќе се одржи во Сабота, 14 ноемврисо почеток од 14:00 часот, во Мериот хотелот во Собата за средби „Д“.

На мастеркласот ќе има обезбедено само 24 места, а влезниците може да се набават на следниот ЛИНК.

Поврзани вести