Skip to main content

Тренерот на Барселона е задоволен како ја притиснале Астон Вила

Facebook FC Barcelona

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја коментираше победата од 3:0 над Астон вила во четвртото коло од Лигата на шампионите.

– Ја зачувавме мрежата чиста. Многу сум задоволен од тоа како се одбранивме од навистина силен тим. Игравме многу компактно и сите беа вклучени во играта. Се обидуваме да ги притиснеме противниците многу високо за да ги принудиме да прават грешки. Ја зазедовме вистинската позиција, притиснавме добро, противникот направи грешка и ние ја искористивме, рече Флик на официјалната веб-страница на УЕФА.

Барселона е втора на табелата во Лигата на шампионите со девет бода. Астон Вила (9 бода) го претрпе првиот пораз и е трета.

Поврзани вести