Skip to main content

Возач тешко повреден откако излетал со автомобил од патот Богданци-Дојран

Фото: Freepik

На 11.10.2026 во 07:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци-Дојран, патничко возило „киа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Н.(40) од село Фурка, гевгелиско, изгубило контрола и излетал надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Поврзани вести