
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска постигнаа нова вкупно осма победа во десеттиот натпревар откако на домашен терен го победија Портланд со 124:118. Предводник на тимот беше Лука Дончиќ со 53 поени, а имаше и по пет асистенции и скокови. Решавачката предност ЛА Лејкерс ја направи во третиот период, кој го доби со 34:15.
Убедлив пораз претрпе најдобриот тим од Исток Филаделфија, на гостувањето кај Кливленд загуби со 119:95. Донован Мичел кај победничката екипа постигна 23 поени и беше најефикасен, а уште еден натпревар со „дабл-дабл“ учинок имаше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња со 15 поени и 10 скокови.
„Езерџиите“ се најдобар тим на Запад, додека на Исток истиот скор (8 победи – 2 пораза) го има Филаделфија.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Атланта – Вашингтон 139:132, Шарлот – Бостон 80:119, Далас – Јута 112:100, Мемфис – Оклахома Сити 97:128, Милвоки – Торонто 107:121, Њу Орлеанс – Минесота 109:115 и Сакраменто – Сан Антонио 109:124

Македонски




