
НБА лигата го објави првиот пресек во трката за најдобар играч во сезоната – МВП наградата. Како водечко трио се: Лука Дончиќ, Виктор Вембањама и Шеј Гилџес-Александер. Но, во игра барем засега не е трикратниот освојувач на оваа награда Никола Јокиќ; играчот на Денвер Нагетс се наоѓа во ТОП 10. Тој по серијата на слаби натпревари се наоѓа на деветтото место.
Дончиќ е лидер на „езерџиите“ и по девет натпревари неговиот тим има седум победи, со просек од 38,5 поени по натпревар и по осум скокови и асистенции.
Борбата за престижната награда само што почна и се очекува да трае до крајот на сезоната. Последен двократен освојувач е Шеј Гилџес-Александер

Македонски




