Skip to main content

Бјелогрлиќ: Без разлика каков филм е создаден, без кино не може да го видите

Фестивалскиот центар во МКЦ се одржа мастерклас со моментално еден од најуспешните регионални филмски професионалци, со длабоко искуство во продукција, режија и глума, Драган Бјелогрлиќ.

Во едночасовната дебата со Директорот на Скопје Филм Фестивал, Томи Салковски, преку пластични примери во спојот на уметноста и комерцијалното, Бјелогрлиќ ја отвори и темата дека без разлика каков филм е создаден, без кино не може да го видите.

За новите генерации професионалци, кои присуствуваа во голем број, овој мастерклас беше од исклучителна важност за нивниот професионален развој. Бјелогрлиќ ја затвори сесијата со охрабрување за младите филмски професионалци – дека филмовите пред сѐ, се создаваат за публика.

Поврзани вести