Skip to main content

Играниот филм „17“ освои вкупно 4 фестивалски награди со кои стана најнаградуван македонски филм во историјата на СФФ

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Сараево понесе вкупно 4 награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал.

Во официјална конкуренција “17“ ги доби наградите:

СРЦЕ НА САРАЕВО ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА ЗА ЕВА КОСТИЌ. Според оценката на жирито, “Бестрашен влез на сцената на млада актерска надеж. Сурова, инстинктивна и длабоко инстинктивна изведба. Таа ја исполнува улогата со исклучителна емоционална искреност, најавувајќи доаѓање на актерка со редок и моќен глас“.

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ПРОМОЦИЈА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ЗА РЕЖИСЕРКАТА КОСАРА МИТИЌ. Според оценката на жирито, “Овој мајсторски режиран филм не го штити гледачот од непријатност, прикажувајќи ја систематската занемареност и социјалната табу на сексуалната злоупотреба и траума на млади девојки. Суровата и клаустрофобична кинематографија ја става исклучително безбедната и разорна главна улога во центарот, додека ја доловува силната врска на женската солидарност. Тоа е последна критика на патријархалната токсичност“.

Дополнително, “17“ доби и уште 2 придружни фестивалски награди од Партнерите на фестивалот:

CINEUROPA ЗА ПРОДУКЦИЈА. Награда посветена на европската кинематографија и нејзините творци, за филмот “17“ кој, покрај тоа што несомнено поседува уметнички квалитети, ги промовира и идеите за европски дијалог и интеграција.

НАГРАДА ОД ПУБЛИКАТА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ.

“32. издание на Сараевскиот Филмски фестивал има историско значење за македонската кинематографија. Со вкупно 4 освоени награди, од кои 2 во Официјална конкуренција, “17“ ја однесе до сега, најголемата победа за Македонија во Сараево. Верувам дека оценувачите на филмската уметност во Сараево успеаја да ја препознаат суштината и пораката. Наградите за “17“ значат потврда на досегашниот успех на филмот и секако, признание дека ова долгометражно дело создадено пред сѐ од млади луѓе, преку филмот отвори суштински важна тема, изјави Томи Салковски, Продуцент на “17“.

За Филмот „17“:

Филмот „17“ е македонско-српско-словенечка копродукција, финансиски поддржана од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Словенечки филмски Центар и СЕЕ Синема Нетворк (SEE Cinema Network). Сценариото е потпишано од Косара Митиќ и познатиот хрватски автор Огњен Свиличиќ. Продуцент на филмот е „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународната продажба на филмот ја работи „Tотем Филмс“ од Франција.

Поврзани вести