Skip to main content
BP9ydvhaG-Q

Судењето за „Лотарија“ ќе почне на седми септември, какви докази ќе добијат обвинетите?

Случајот „Лотарија“ кој се чекаше со нетрпение поради второобвинетиот Артан Груби не започна. Судијката Дијана Шуплиновска Јовески го прифати предлогот на одбраната на обвинетите дека ќе им треба повеќе време да ги видат доказите и да ги разгледаат. Материјални докази пак има 231 како што најави обвинителот Даниел Коцев, плус сведоци за што ќе биде потребно барем неколку рочишта.

Судот оцени дека обвинетите и нивните бранители треба да добијат потребно време за увид во доказите и за ефективна подготовка на одбраната имајќи го предвид и барањето на бранителот на обвинетиот Бојан Јанев за оставен рок за подготовка поради што главната расправа се одлага – истакна судијката.

Забрзување на постапката најави и судијката бидејќи се работи за притворски предмет а згора на тоа на оние кои им е одреден куќен притвор може да се чуваат во притвор максимум 60 дена по поднесувањето на обвинението, а тоа е средината на октомври.

Затоа и се брза со рочиштата па закажани се до крајот на октомври. Згора на тоа, првообвинетиот Перпарим Бајрами е во бегство а Обвинителите во овој случај вели дека прашуваат во повеќе држави каде би можел тој да се крие. Застапник на Бајрами е адвокатот Еленко Миланов.

Поврзани вести