Skip to main content

Слушачка промоција на албумот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар

Слушачка промоција на „Македонски сновиденија (Macedonian Dreams)“, првиот албум на Националниот џез оркестар ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје.

Ќе бидат претставени цеде и винил изданијата, а публиката ќе може да го слушне албумот од почеток до крај и да се дружи со членовите на оркестарот.

Ако сте од оние што уживаат во звукот на плочата, ако собирате музички изданија, ако сте љубопитни да го слушнете првиот албум или едноставно сте пријатели и поддржувачи – оваа вечер е и за вас.

Поврзани вести