
Во малата сала на Филхармонија на 29 декември (понеделник) во 19 часот ќе се одржи концерт на кој ќе настапат виртуози на хорна од регионот, заедно со нашиот домаќин Благоја Василевски. На сцената ќе има различни формации, од квартети, се до октети, а гостите ќе изведат концертна програма која ќе ја прикаже хорната во нејзиното блескаво светло како кралица на лимените инструменти.
На концертот ќе настапат:Благоја Василевски – прва хорна во Македонска Филхармонија, Михајло Булајиќ (прва хорна во Лондонски Симфониски Оркестар и симфониски оркестар на РТВ Словенија), Илир Кодима (професор по хорна на Факултет за Музичка уметност во Тирана и прва хорна во Косовска Филхармонија), Никола Чириќ (прва хорна во Белградска Филхармонија) и Милан Роксандиќ (прва хорна во Театар Нови Сад)

Македонски






