Skip to main content

Концерт на Влатко Миладиноски на 7 август на Антички театар во Охрид

На 7 август, во Антички театар во Охрид концерт ќе одржи фолк изведувач – Влатко Миладиноски, еден од најмоќните и најпочитувани вокали на македонската народна музика.

Миладиноски, познат по својата длабока емоција, силна патриотска порака и автентичен пристап кон музиката, со години е еден од најпосакуваните пејачи кај публиката која го негува духот на традицијата. Неговата интерпретација на „Велат не нема“, песна што ја опева македонската мака, гордост и копнеж, стана симбол на носталгија, национално единство и љубов кон татковината.

Под отворено небо, во магичната атмосфера на Античкиот театар, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на големиот оркестар предводен од неговиот брат Златко Миладиноски, кој со децении е синоним за автентична македонска музика.

Ќе се изведуваат најголемите хитови од неговиот богат репертоар, песни кои не се само музика, туку сведоштва за времето, народот и душата на оваа земја.

Карти преку продажната мрежа на: kupikarta.com и кај Аждер.

Поврзани вести