
Националниот џез оркестар на 11 ноември замина на кратка европска турнеја насловена „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams), која трае од 12 до 17 ноември.
Првиот концерт се одржа на 12 ноември во Будимпешта, а турнејата продолжува денес (14 ноември) со настап во Прага. Завршниот концерт ќе биде на 17 ноември во Виена, во „Порги и Бес“, еден од најпрестижните џез клубови во Европа и домаќин на врвни џез музичари. Диригент е Владимир Николов.
’Македонски сновиденија’ е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна што Националниот џез оркестар со гордост ја носи на европските сцени, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст“, велат од Националниот џез оркестар.

Македонски








