
Во големата сала на Националната опера и балет, синоќа публиката беше сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски.
Џајковски првпат настапи во живо во придружба на голем симфониски оркестар и хор. Музиката од култните филмови : „Големата вода“ „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и многу други ја крена на нозе публиката и предизвика овации.
Под диригентската палка на Џијан Емин, со учество на солистите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов, концертот претставува ретроспектива на 25 годишното композиторско творештво за филм на Џајковски – музичко патување што не се пропушта.
Концертот беше распродаден веднаш по најавата, а публиката имаше вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување!