Skip to main content
4CNeMjOKvS8

Ученичките ѝ ја запеале нејзината песна: Ана Стојаноска во посета на малтешко католичко училиште

Овогодинешната претставничка на Македонија на Јуниорскиот Евросонг, Ана Стојаноска, изминатите денови е во Малта каде се подготвува за настапот на 24-тото издание на фестивалот.

Како што информираат од МРТ, во рамките на официјалната програма за сите учесници, малтешкиот јавен сервис – ПБС – организираше посета на повеќе училишта за децата кои годинава ќе настапат на фестивалот. Македонската делегација го посети училиштето „Св. Јосиф“, државно католичко училиште за девојчиња, а како што пренесуваат, Стојаноска беше пречекана со еуфорија и аплауз од ученичките, кои дополнително ја изненадија и со хорска изведба на рефренот на „Идната јас“. 

Тимот на Македонската Радио Телевизија го издвои овој момент како еден од најемотивните досега.

Ова за мене е најубавиот ден во Малта. Многу сум среќна што сум тука и што имав прилика да ги запознаам ученичките и секако, тоа што ја пеевме „Идната јас“ во еден глас. Девојчињата од Малта пееја на македонски јазик и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам, изјави малата Ана. 

Посебен момент за време на дружбата била и поддршката од директорот  на училиштето д-р Кенет Вела, кој потенцирал дека пораката на „Идната јас“ се поклопува со мисијата и визијата на училиштето и дека во наредниот период наставниот кадар ќе посвети повеќе внимание на доближување на пораката од песната до ученичките. 

Ана Стојаноска и тимот на 21.10.2026 веќе ќе ја имаат и втората техничка проба, но од исклучителна важност е пробата на која гласа стручното жири ширум Европа во петок на 23-ти октомври, кога и се отвораат линиите за онлајн гласањето на платформата на Јуниорскиот евросонг. Веќе на 24-ти октомври со почеток во 21ч на програмата на Македонската Радио Телевизија гледачите ќе можат да го следат преносот во живо на шоуто инспирирано од малтешката „феста“ што значи празнување.

Информациите и насоките за начинот на гласање можете да ги погледнете на следниот линк.

Поврзани вести