
Кога ние целосно ќе ги завршиме двата коридори 8 и 10, веќе нема прашање за опстојот на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа и не случајно во 2024 година кога се формираше оваа Влада, премиерот Христијан Мицкоски го стави ова како прва политика на оваа влада, рече во своето последно интервју за „360 степени“ вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, говорејќи за важноста на овие два проекти за Македонија.
Кога ќе имаме два функционални коридори, едниот најинтересен економски коридор во Европа, вториот втор најбитен безбедносен коридор за НАТО, веќе никој нема да ја поставува под прашање судбината и постоењето на Македонија, рече Николовски.
Сметам дека не претерувам, додава тој.
Ако двајца премиери на две соседни држави можеа да го направат тој спектакл со коските којшто наводно му припаѓаат на Цар Самоил, тогаш ние треба да сме исклучително одговорни кон државата и кон опстојот на државата, а сметам дека ова е еден од начините да гарантираме опстој на државата, потенцираше Николоски.

Македонски

