
Македонската претставничка Ана Стојаноска е подготвена за настапот на 24. издание на Јуниорскиот евросонг, што утре ќе се одржи во Малта. По една недела проби, вечерва ја очекува генералната проба пред жирито, чии гласови ќе сочинуваат половина од конечниот резултат.
Стојаноска ќе настапи со песната „Идната јас“, под реден број 12. На годинашниот натпревар учествуваат 16 земји, а победникот ќе биде избран со комбинација од гласовите на националните жирија и онлајн-гласањето на публиката, со по 50 проценти удел.

Гласањето е бесплатно и почнува вечерва во 23:59 часот, а ќе биде отворено до утре во 20:59 часот, непосредно пред почетокот на преносот. Публиката може да гласа за три песни, меѓу кои и за претставникот на својата земја. По настапите, гласањето повторно ќе биде отворено околу 15 минути. Гласовите се даваат преку официјалната страница JESC.tv.
Јуниорскиот евросонг ќе се одржи утре, 24 октомври, со почеток во 21 часот. Преносот ќе биде достапен на програмата на Македонската телевизија и на официјалниот канал на натпреварот на Јутјуб.

Македонски

