Skip to main content

Николоски: Патриотизмот не е само збор, туку одговорност и дела

Патриотизмот значи одговорност, дела и посветеност кон татковината, порача Александар Николоски во објава по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Тој напиша дека празникот е симбол на непокорот, стремежот за слобода и вербата во сопствената држава. Според Николоски, обврска на денешните генерации е да го чуваат историското наследство и да ги негуваат македонскиот идентитет, јазик и култура.

„Да продолжиме да се бориме за достоинствена, просперитетна и обединета Македонија“, порача Николоски, честитајќи го празникот со зборовите: „Да ни е вечна организацијата, да ни е вечна Македонија.“

Поврзани вести