
На 23, 24 и 25 овој месец ќе се одржи јубилејното издание на фестивалот „Макфест“ во Штип. Не е изненадување што оваа година „Макфест“ ќе трае три вечери, бидејќи година по година фестивалот дотурка да го слави 40-годишниот јубилеј. Оттаму и идејата во Штип да се пее три дена, за да може да се потсетиме и на хитови од минатите години, кои ќе останат за навек.
Покрај вообичаените две годинава ќе има и трета вечер, која ке биде вечер на познати хитови од „Макфест“. Песните не мора да се победнички, но песни од сите четири декади на фестивалот. На оваа вечер гости ќе бидат Тања Кочовска, „Силви бенд“, Питер Џон Босе, Владо Јаневски, Сашо Гигов Гиш, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски Џафер, Ламбе Алабакоски, Пајак и Лара и многу други, вели Јован Јованов.
Фестивалот и годинава е од ревијален карактер, а ќе биде доделена само награда за најслушана песна меѓу двата фестивала. Која ќе биде та песна организаторот ќе открие на 15 октомври на прес конференцијта, која ќе се одржи во Штип.
На прес конференцијата ќе бидат најавени регуларните учесници. Од тогаш на социјалните мрежи ќе бидат пуштени рефрените од новите песни, вели Јованов.
Фестивалот традиционално ќе се одржи во Домот на културата во Штип. На оваа сцена во регуларните вечери ќе се појават нови пејачки имиња, но и добро познати имиња.
На првата, дебитантска вечер ќе настапат 13 изведувачи, додека на втората, популарна вечер ќе настапат 14 изведувачи. Опфатени се сите жанрови и стилови на музика за да биде поинтересно за сите љубители на макфестовската музика, да може сите да уживаат и да си најдат свој фаворит. Едноставно музика за сите генерации, вели Роберт Саздов.
Општината и годинава се потруди фестивалот да изгледа светски.
Фестивалот нвистина ќе изгледа достоен за јубелот. Секако голема благодарност го градоначалникот Иван Јорданов, и продуцентот од општина, Александар Арсовски, кои несебично го помагаат фестивалот, како претходните години, така и оваа, додаде Роберт.
МТВ ќе врши директен пренос од сите три вечери.