
На 20 ноември (четврток) со почеток во 21:00 часот во Културно информативниот центар – Скопје Foolish Green ќе одржат мини концерт во живо.
Настанот ќе понуди интимна и енергична вечер исполнета со жива музика, каде што бендот ќе изведе песни од своите досегашни изданија. Фулиш Грин е алтернативен психоделичен рок бенд предводен од Ненад Стефановски – KungFoolish, познат по својот препознатлив звук кој спојува елементи од рок, соул, фанк и експериментален поп. Нивната музика се одликува со богати аранжмани, емотивна длабочина и карактеристична атмосфера што ги прави нивните настапи уникатно аудиовизуелно искуство. Со низа концерти зад себе и албуми како „Escape“ и „Soul Revival“, Фулиш Грин остануваат едни од најавтентичните имиња на современата македонска сцена, а овој настап ветува вечер исполнета со звук, енергија и уметничка слобода.

Македонски








