
Проекцијата на документарниот филм ,,Велигден” , која ќе се одржи на 23.04.2026г. (четврток) со почеток во 20.00 часот во кино салата на НУ Музеј на РС Македонија.
Во рамките на НУ Музеј на РС Македонија работи Центарот за музејска едукација кој преку својата работа со различни целни групи, како децата од предшколска возраст, основно и средно училиште, студентите, лицата со попречености и лицата од трето доба реализира едукативни проекти. Во овие 33 години изработени се безброј проекти со различна содржина и тема, но како еден од поинтересните до сега меѓу училиштата е музејскиот едукативен проект ,,Велигден”.
Овој документарен филм е еден вид на историски запис за огромната едукативна работа на Центарот за едукација при НУ Музеј на РС Македонија со која тој го презентира музејот во едно поинтересно светло на неформално образование. Преку кое учениците и наставниците имаат директерн допир со културното наследство преку посетата на музејските збирки и оживување на старите традиционални обичаи. Конкретно за овој проект долгогодишни соработници ни се учениците и наставниците од ООУ „Браќа Миладиновци“.

Македонски


