
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска, ќе ја има својата светска телевизиска премиера на 8 јануари 2026 година на каналот National Geographic.
Филмот ќе се прикажува во терминот 21 часот по источноамериканско време (9/8c), соопшти National Geographic на Инстаграм
Веќе следниот ден, документарецот ќе биде достапен и на стриминг-платформите Disney+ и Hulu, што значи дека ќе може да го гледа и пошироката меѓународна публика.

Македонски






