Skip to main content

„Приказната за Силјан“ ја освои Silver Hugo наградата на Chicago International Film Festival, а National Geographic го објави трејлерот за македонскиот кандидат за Оскар

Филмот „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, официјалниот македонски кандидат за Оскар, доби значајно меѓународно внимание откако National Geographic го објави неговиот трејлер.

Овој документарец, кој ја продолжува традицијата на Котевска по успехот на „Медена земја“, повторно ја става македонската кинематографија на светската мапа. Приказната за „Силјан“ инспирира со својот автентичен наратив и визуелен израз, кои ја спојуваат локалната култура со универзалните човечки теми.

Филмот моментално е во трка за престижната награда CINEMA EYE HONORS, која игра значајна улога во изборот на кандидати за Оскар во категоријата документарен филм. Поддршката на публиката може да помогне „Силјан“ да се искачи повисоко на листата и да се приближи кон номинација за најголемото филмско признание.

Гласајте и поддржете го македонскиот филм – заедно можеме да извојуваме уште една победа и повторно да ја прославиме македонската уметност на светско ниво.

Агенцијата за филм на Република Македонија информираше дека „Приказната за Силјан“ ја освои Silver Hugo наградата на Chicago International Film Festival 2025.

Филмот на Тамара Котевска продолжува да го освојува светот – сега е номиниран и за Cinema Eye Honors, признание што го доближува до трката за Оскар.

Поддржете го филмот со вашиот глас:

Поврзани вести