
Филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ја освои наградата за најдобар документарен филм според публиката на 10. Фестивал Коронадо што се одржа во Калифорнија. Македонскиот кандидат за номинација за Оскар веќе неколку недели е дел од кампањата за трка за златната статуетка.
„Уште една награда за ‘Силјан’ во Калифорнија, за мене најважната – наградата на публиката за најдобар документарец!“ напиша Котевска во својата објава на социјалните мрежи.
Филмот на Котевска, во продукција на Јорданчо Петковски, Жан Дакар и Котевска, веќе се прикажува во американските киносали.
Наградата на Фестивалот Колорадо претставува уште еден важен чекор во меѓународната промоција на филмот. Национал Географик ја најави американската премиера на 28 и 29 ноември во IFC Center во Њујорк, што му овозможува на „Приказната за Силјан“ силен продор на американската филмска сцена.

Македонски








