Skip to main content

Оскарот за „Господин Никој против Путин“ исчезна во авион, Луфтханза почна темелна истрага

Германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ соопшти дека покренала итна истрага откако беше пријавено исчезнување на статуетката Оскар со која се здоби рускиот режисер Павел Таланкин. Наградата, која му беше доделена за најдобар документарен филм за неговото остварување „Господин Никој против Путин“ (Mr. Nobody Against Putin), исчезнала за време на летот од Њујорк за Франкфурт.

Длабоко жалиме поради оваа ситуација. Нашиот тим се занимава со ова прашање со најголемо внимание и итност. Спроведуваме сеопфатна внатрешна потрага за да осигураме Оскарот да биде пронајден и вратен што е можно поскоро“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата, пренесено од „Дојче веле“.

Според достапните информации, по пристигнувањето на Таланкин во Франкфурт, кутијата во која била сместена златната статуетка не била пронајдена меѓу неговиот багаж. Засега нема информации дали станува збор за ненамерно губење при транспорт или за смислена кражба на овој вреден симбол на светската кинематографија.

Поврзани вести