Skip to main content

„Исцелител“ и „Тетовирање“ денеска во Кинотека

ИСЦЕЛИТЕЛ

Secret Ingredient

Ѓорче Ставрески / Македонија / 2017 / 104 мин

Исцелител е филм на Ѓорче Ставрески, кој истовремено е сценарист, продуцент и монтажер на звукот. Филмот балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, нема пари да купи лекови за својот татко Саздо (Анастас Тановски), па му дава колач направен од украдена марихуана за да ги ублажи болките од рак. Набргу, Веле се соочува со притисок од криминалците кои ја бараат дрогата назад и со соседите-душкала, кои во него гледаат исцелител и последна надеж за оздравување.
Исцелител е добитник на десетици награди и признанија во светот. На премиерата на Солунскиот филмски фестивал во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жирито за сценарио на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел.

Проекции

Петок, 17 април18:00

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет

РежисерЃорче Ставрески

Година2017

ТЕТОВИРАЊЕ

Tattoo

Столе Попов / Македонија / 1991 / 132 мин

Приказната на овој антологиски домашен филм го следи Илија, повлечен, но симпатичен човек кој завршува во затвор по апсурдни причини, а подоцна умира како жртва на полициска бруталност. По караница со сопругата, тој го напушта домот со празен куфер и на железничката станица станува сомнителен за двајца полицајци, кои го апсат по причини познати само на нив. Во истражниот затвор, Илија и другите уапсени се третирани како криминалци, подложени на вербална и физичка тортура. По една тепачка, кога во самоодбрана убива друг затвореник, е осуден на подолга затворска казна. Поддржан од сопругата, тој се обидува да истрае, да издржи и да побара ревизија на судскиот процес, но својот нескротлив темперамент го вовлекува во нов инцидент.
Култниот игран филм Тетовирање е еден од најгледаните, најцитирани и највлијателни долгометражни играни филмови во поновата македонска историја.

Проекции

Петок, 17 април20:00

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Мето Јовановски, Лиљана Меџеши, Кирил Поп Христов, Стојан Аранџеловиќ

Режисер Столе Попов

Година1991

Поврзани вести