Вечерва, во Кинотека на Мкаеоднија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан германскиот игран филм „Темни сателити“.
ТЕМНИ САТЕЛИТИ е германски филм од 2022 година во режија на Томас Стубер. Филмот е базиран на истоимениот роман на Клеменс Мајер во кој се испреплетуваат три различни приказни кои се случуваат на периферијата, далеку од светлата на големиот град.
Јенс, сопственик на снек бар се заљубува во својата сосетка Аиша додека пуши цигари на скалите. Чуварот Ерик, при неговите рутински обиколки на прифатилиштeтo за странци, ја запознава младата Марика (имигрант од Источна Европа) кон која развива чуства. Чистачката Криста исто така бара утеха покрај фризерката Биргит (Настасја Кински) со која редовно се среќава по завршувањето на нејзината смена. Три приказни, една заедничка желба: искра на љубов, допир на привлечност и чувство на сигурност.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
ТЕМНИ САТЕЛИТИ
(Die stillen Trabanten)
Игран филм, Германија
2022, 120 мин., колор, ДЦП
Режисер: Томас Стубер (Thomas Stuber)
Сценарио: Клеменс Мејер, Томас Стубер (Clemens Meyer, Thomas Stuber)
Улоги: Мартина Гедек, Настасја Кински, Алберт Шух, Питер Курт (Martina Gedeck, Nastassja Kinski, Albrecht Schuch, Peter Kurth )