
Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска, поддржан од Агенцијата за филм, ќе ја отвори селекцијата „Хоризонти“ на 81. издание на Венецијанскиот филмски фестивал, информираа од Агенцијата за филм.
Ова е историски успех за македонската кинематографија – за првпат македонски филм го отвора овој влијателен фестивалски сегмент.
Селекцијата „Хоризонти“ на Венецијанскиот филмски фестивал, која годинава ќе биде отворена со македонскиот филм „МАЈКА“, е наменета за филмови што внесуваат нови естетски и изразни правци во современата кинематографија. Особено се вреднуваат дела со иновативен пристап во раскажувањето, визуелниот стил и филмскиот јазик.
Честитки до целата авторска и продукциска екипа!