
Филмот „Диџеј Ахмет“ на Ѓеорги Унковски, по серија успешни светски премиери на престижни фестивали – вклучувајќи го и Санденс – ќе ја има својата регионална премиера во рамки на официјалната натпреварувачка селекција на Сараево Филм Фестивал 2025!
Честитки до целата екипа!
Уверени сме дека публиката во Сараево ќе биде возбудена да го гледа Диџеј Ахмет, кој веќе го привлекува вниманието на светската филмска сцена, велат од Агенција за филм.