
Документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска од денеска во 18 часот ќе биде на репертоарот на киното „Синеплекс“ во Скопје. Филмот ја имаше својата премиера на последното издание на „Македокс“ во август минатата година.
Документарниот филм го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.