Skip to main content
_36728dTmgk

Документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“ прикажан на ТВ Корча

Телевизија Корча го емитуваше документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, посветен на традициите, културата и обичаите на Македонците во областа Општина Пустец, Мала Преспа. 
 

Филмот претставува сведоштво за богатото културно и духовно наследство на македонската заедница во овој регион, прикажувајќи го животот на локалното население, нивните вековни традиции, народни носии, песни, обичаи и семејни вредности кои се пренесуваат од генерација на генерација, објави весникот „Македониум”. 
 

Преку сведоштва на жители од Мала Преспа, како и преку автентични кадри од селата во Општина Пустец, документарецот ја истакнува важноста од зачувување на македонскиот јазик, културниот идентитет и традиционалниот начин на живот на Македонците во Албанија. 
 
Документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“ е реализиран од Центарот КАЗУС, со поддршка на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество, како дел од напорите за промоција и зачувување на културното наследство на македонската заедница во Албанија.

Поврзани вести