Skip to main content

Џулијан Мур ќе ја добие наградата „Жени во движење“ на Канскиот фестивал

Принтскрин од видео

Наградата се доделува на поединци кои „ја менуваат улогата на жените во филмот и во општеството“, објави BFMTV.

Џулијан Мур е наградена за нејзината посветеност на женските гласови и различноста во филмската индустрија, како и за нејзината работа за промовирање поголема застапеност и еднаквост за жените, соопштија организаторите на фестивалот и групацијата Kering, која ја создаде наградата.

Актерката го изрази своето задоволство што ја доби престижната награда.

Отсекогаш верував дека видливоста игра голема улога и дека приказните што избираме да ги раскажеме можат да им дадат повеќе простор и поголема разновидност на жените, и на големото платно и зад камерата, рече 65-годишната актерка.

Џулијан Мур глумеше во повеќе од 70 филмови, вклучувајќи ги „Часовите“, „Ноќите на буги“ и „Далеку од небото“. Актерката треба да глуми во мјузикл, чиј сè уште нема наслов, во режија на Џеси Ајзенберг, а е вклучена и во движењето за ставање крај на насилството со оружје во Соединетите Американски Држави.