Skip to main content

Детскиот филм „Победници“ и оваа недела во кината

Германската инспиративна приказна за 11-годишната Мона, „Победници“ во режија на Солин Јусеф и оваа недела ќе се прикажува во Кино Милениум.  

Од 19ти до 25ти декември, филмот ќе се прикажува во работни денови со почеток од 18 часот и за викенд од 16 часот. Дополнително, денеска филмот ќе се прикажува и во Кино Манаки во Битола со почеток од 19 часот.  

Мона и нејзиното семејство од курдско потекло, кои пребегнале од Сирија во Берлин. Во овој нов свет, сè е поинаку, а Мона копнее по својот дом, своите другарчиња од уличниот фудбал и по тетка ѝ Хелин. Кога еден посветен наставник го препознава нејзиниот извонреден талент за фудбал и ја избира за женскиот тим, предизвиците се зголемуваат. Мона брзо добива етикета на аутсајдер, што ја отежнува нејзината интеграција во тимот. Но, како што секоја девојка се соочува со сопствените битки, станува јасно дека вистинскиот успех може да се постигне само ако играат заедно, како тим.

Филмот беше премиерно прикажан на 16 февруари 2024 година на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, во програмата Generation K+ како филм за отворање, а македонската премиера ја имаше на 12 декември 2024 година.
Филмот веќе ги освои срцата на публиката и стручните жирија, а во 2024 година ја доби наградата за Најдобар детски филм на Германските филмски награди.

Со трогателна приказна, силна порака и универзални вредности, „Победници“ е филм кој инспирира, ги надминува културните граници и ги истакнува моќта на тимската работа и пријателството.

Дистрибутер на филмот е Катавеј од Скопје, со поддршка од German Films.   

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş