Skip to main content

Агенција за филм: Почна снимањето на новата серија „Моето име е Ајламаз“ – голем интернационален проект кој ги обединува Македонија и Турција

Со особена чест и задоволство го најавуваме почетокот на снимањето на новата серија „Моето име е Ајламаз“ – голем интернационален проект кој ги обединува Македонија и Турција.

Серијата е во продукција на NS Продукција, за дигиталната платформа tabii на TRT, под режија на признатиот режисер Мустафа Котан.

„Моето име е Ајламаз“ ја отвора темата за внатрешното патување и потрагата по идентитет на современата жена – успешен доктор и професионалка која живее во метропола и се соочува со предизвиците на модерниот живот. Нејзиниот најблизок и единствен пријател е вештачката интелигенција, што ја прави приказната особено актуелна и возбудлива.

Во актерската екипа настапуваат: Јамур Танрисевсинлер, Сузан Кардеш, Филиз Ахмет и Игор Рангелов, кои на продукцијата ѝ даваат посебен интернационален квалитет.

Снимањата се реализираат во Истанбул, Скопје и селото Башибос во Валандово, симболично обединувајќи две култури и две земји во еден заеднички проект.

Особено значајно е што на покана на NS Продукција, на сетот во Истанбул и на првата клапа присуствуваше и советникот на директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, г-дин Стефан Ѓиноски. Неговата посета имаше двојна важност: од една страна како официјална поддршка на Агенцијата за овој проект, а од друга – како силна промоција на потенцијалите и условите што Македонија ги нуди за снимање странски продукции. На овој начин, македонското присуство на снимањето беше забележано и афирмирано пред партнерите и продукцискиот тим во Турција.

Со тоа уште еднаш се нагласува позицијата на нашата земја како атрактивна и конкурентна филмска дестинација во регионот.

„Моето име е Ајламаз“ е симбол на пријателство, културна соработка и нови перспективи за филмската индустрија во двете земји.

Поврзани вести