Бројни познати личности се огласија за пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и ги погодиле нивните домови.
Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес.
Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека ја изгубиле куќата во таа населба.
Зборовите не можат да го опишат обемот на уништувањето. Чувствуваме тага за нашите пријатели и соседи кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија. Џенис и јас живееме во таа куќа од 1979 година. Ги одгледавме нашите деца и внуци таму. Секој дел на нашата куќа беше исполнета со љубов, вели Кристал.
Во пожарот домот го загуби и американската актерка и пејачка Парис Хилтон. Нејзиниот претставник потврди дека нејзината куќа е уништена.
Актерката Џејми Ли Кертис изјави дека нејзиниот дом е безбеден, но дека целата населба ја нема.
Толку многу луѓе изгубија сè. Помогнете каде можете. Ви благодариме на спасувачките тимови и пожарникарите, напиша Кертис на Инстаграм.
Синот на актерската двојка Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, на Инстаграм напиша дека населбата во која пораснал гори до темел.
Актерката Менди Мур се соочува со пожарот во Итон, каде на 52.000 луѓе им е наредено да се евакуираат. Нејзиниот дом се наоѓа во населбата Алтадина, а актерката им се заблагодарила на пријателите кои на нејзиното семејство му обезбедиле сместување за време на евакуацијата.