
Леб наречен „Лепа Брена“ се продава во САД. Сопственик на пекара во Америка решил во својот асортиман на пекари да вклучи леб именуван по една од најголемите фолк диви на Балканот.
Тој беше гостин во локален подкаст и откри како дошол до оваа идеја.

– Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „лепа брена“. Татко ми се сети дека тоа е приказна која ја имаше одамна во Македонија, а потоа и ние ја зедовме таа идеја. Дури и Брена беше таму за да го проба и многу ѝ се допадна – изјави тој за „Само во Америка“.